Повик за организации од граѓанското општество: Набљудување на судски предмети на фемицид и родово-базирано насилство
6 февруари 2023 година

AIRE центарот, во соработка со FemPlatz [ФемПлац], поканува организации од граѓанското општество сосредоточени на правата на жените и спречување родово-базирано насилство од Западниот Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Србија) да поднесат барања за добивање грантови за набљудување на судски предмети на фемицид и родово-базирано насилство.

За да дознаете повеќе за проектот, неопходните услови и информации за процесот на поднесување барања, ве молиме кликнете на овој линк.

Формуларот на барањето и потребните документи треба да се пратат до info@airewb.org не подоцна од 25 февруари 2023 година.

Проектот е поддржан од Владата на Обединетото Кралство.

Share This