За GCJ мрежата
КОИ СМЕ НИЕ

Мрежа на судии и судијки посветени на јакнење на родовата рамноправност (GCJ Мрежа) е регионална мрежа на жените и мажите-судии од Западен Балкан, посветени на унапредување на родовата еднаквост. Мрежата е воспоставена во 2022 година и е прва од ваков вид во регионот.

GCJ Мрежата беше развиена како дел од проектот Еднаквост и борба против родово заснованото насилство и фемицидите во Западниот Балкан , финансиран од Владата на Обединетото Кралство. Проектот има за цел да го зголеми пристапот до правдата за жртвите и лицата кои претрпеле родово засновано насилство преку зголемено разбирање на родовите прашања во рамките на судството во Западниот Балкан. Целта на проектот ќе биде постигната преку:

  • аналитичка работа која има за цел да ги утврди јазовите во усогласеноста со добрите практики и меѓународните стандарди;
  • зголемување на ускладеноста на судската пракса во шесте држави од Западниот Балкан по однос на родово заснованото насилство и фемицидите со добрата практика на Европскиот суд за човекови права и меѓународните стандарди;
  • зголемување на знаењето и свеста за родовите прашања помеѓу судиите и другите судски практичари;
  • инкорпорирање на родовата еднаквост во севкупната судска пракса.

GCJ Мрежата дејствува во шесте правни системи во Западен Балкан, вклучувајќи ги Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.

Oснована од AIRE Центарот во соработка со институциите за обука на судии во секој правен систем, со мрежата управува Регионален одбор кој се состои од високи експерти од целиот регион и таа е поддржана од Одбор на покровители, составен од еминентни правници, вклучително и од Европскиот суд за човекови права.

ШТО РАБОТИМЕ

GCJ Мрежата обезбедува можности за зајакнување на врските, соработката и споделувањето на најдобрите практики помеѓу судиите и правните практичари во регионот. Ние тесно соработуваме со институциите за обука на судиите (JTIs) во регионот за да испорачаме насочени обуки, истражувања и публикации за прашањата за родовата еднаквост и за да понудиме структурно вмрежување и модел на менторство.

Ние, исто така, соработуваме со пошироки чинители, институции и говорници за да го продлабочиме разбирањето кај судските и правните професионалци за влијанието на родовите стереотипи и за да поттикнеме холистички пристап кон постигнување на ефективно спроведување на мерките за родовата еднаквост низ овие институции.

НАШИТЕ ЦЕЛИ
  • Развивање на свеста за родовите прашања, природата и погубните ефекти на родовите стереотипи во општеството на Западен Балкан и улогата на судството во справувањето со овие прашања
  • Зајакнување на вештините, знаењата и практиката на судиите во однос на родовата еднаквост и родовите стереотипи
  • Поттикнување на ефективното спроведување на домашните, европските и меѓународните правни инструменти поврзани со родовата еднаквост
  • Олеснување на споделувањето знаења, вештини, искуства и идеи поврзани со родовата еднаквост помеѓу судиите и правните практичари од целиот регион
  • Унапредување на професионалниот и личниот развој на жените-судии во регионот
Share This