Втор судски форум за родовата рамноправност и Западниот Балкан

2-3 јуни 2023

Day(s)

:

Hour(s)

:

Minute(s)

:

Second(s)

Вториот судски форум за родовата рамноправност и Западниот Балкан, организиран од AIRE центарот со поддршка од Владата на Обединетото Кралство, има за цел да се осврне на прашањето како судството може да се справи со различните видови родова нерамноправност во Западниот Балкан. Овој настан е од високо ниво и тој ќе ги собере клучните судски чинители од регионот и пошироко, вклучувајќи претставници од Европскиот суд за човекови права, претставници од важни регионални судски и други државни институции, универзитетски професори и невладини организации.

Една од главните теми на овогодинешниот форум ќе биде делотворен судски одговор на случаите на фемицид и други случаи на родово-базирано насилство во регионот, со оглед на тоа што судиите и другите експерти ќе разговараат за најдобрите практики во врска со истрагата, гонењето и казнувањето на овие дела. Понатаму, Форумот ќе пружи можност да се истражат и националните правни рамки, како и меѓународните стандарди за родова рамноправност, така како што се изложени во главните правни документи, како што се Европската конвенција за човекови права, Конвенцијата на Обединетите нации за елиминација на сите облици на дискриминација врз жените и Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство.

“Општествено наметнатите родови норми се цврсто испреплетени со секоја нишка од јавниот и приватниот живот на жените во Западниот Балкан. Родово-базирано насилство, нееднаков пристап до образование, дискриминација на работното место, мало политичко учество и нееднаквост во поседувањето сопственост се само некои од штетните симптоми и последици од длабоко вкоренетата нееднаквост со која се соочуваат жените од овој регион во нивниот секојдневен живот. Западниот Балкан навистина направи клучни почетни чекори во решавањето на овие прашања, со усвојување меѓународни договори и домашни законски рамки кои забрануваат родова дискриминација и насилство, но недостасува делотворна примена, а улогата на судството е клучна во овој поглед“, рече Biljana Braithwaite [Билјана Брејтвејт], програмска директорка на AIRE центарот за Западниот Балкан.

Горди сме што можеме да објавиме дека оваа година главни говорници ќе бидат Síofra O’Leary [Сиофра О’Лири], претседателка на Европскиот суд за човекови права и Alicia Herbert, ОBE [Алиша Херберт, носителка на Редот на Британската империја], Служба за странскиот Комонвелт и развој (FCDO) на Обединетото Кралство каде што е директорка за образование, род и рамноправност и е специјална пратеничка на Обединетото Кралство за родова рамноправност. Составивме привлечна програма која опфаќа низа панели, презентации и дискусии. Целосната агенда можете да ја најдете подолу.

Информации

Датум и време::

2 јуни 2023 година; 09:30 наутро — 4 јуни 2023 година, 01:00 попладне

Место:

Белград

Предрегистрација:

Само со покани

Онлајн:

Онлајн учество (преку интернет) не е достапно, а видео снимки од Форумот ќе бидат достапни по неговото одржување на YouTube каналот на AIRE центарот

Информации за медиумите:

Изјавите за медиумите се закажани за 09:00 на 2 јуни 2023 година

Лице за контакт со медиумите:

Програма

2 јуни 2023 година

08.00 – 09.30

Регистрација

09.30 – 10.10

10:00 – 10:30

Воведни обраќања

Домаќин на настанот:Огнен Јанески

Билјана Брејтвејт, програмска директорка на AIRE центарот за Западниот Балкан
Бранкица Јанковиќ, Повереничка за заштита на рамноправноста во Србија
Алиша Херберт, носителка на Редот на Британската Империја, иректорка за образование, род и рамноправност и специјална пратеничка на Обединетото Кралство за родова рамноправност, Служба за странски Комомвелт и развој на Обединетото Кралство

10.10 – 10.30

Главен говор

Сиофра О’Лири, претседателка на Европскиот суд за човекови права

10.30 – 11.40

Панел дискусија 1: Институционални одговори на фемицид и родово-базирано насилство – оперативни обврски според членовите 2, 3, 8 и 14 од ЕКЧП

Модераторка: Мирјана Лазарова Трајковска, судијка на Врховниот суд на Северна Македонија и поранешна судијка на ЕСЧП (Северна Македонија)

Ивана Јелиќ, судијка на Европскиот суд за човекови права (Црна Гора)
Јоанис Ктистакис, судија на Европскиот суд за човекови права (Грција)
Роберт Спано, поранешен претседател на Европскиот суд за човекови права и партнер во Гибсон Дан [Gibson Dunn] 

11.40 – 12.00

Пауза за кафе

12.00 – 13.15

Панел дискусија 2: Процедурални обврски да се истражува, гони и казнува фемицид и родово-базирано насилство според членовите 2, 3, 8 и 14 од ЕКЧП

Модератор: Леди Бианку, судија на Уставниот суд на Босна и Херцеговина и поранешен судија на Европскиот суд за човекови права (Албанија)

Ерик Венерстром, судија на Европскиот суд за човекови права (Шведска)
Садет Јуксел, судијка на Европскиот суд за човекови права (Турција)
Катерина Шимачкова, судијка на Европскиот суд за човекови права (Република Чешка)

11:50 – 12:00

Ручек

14.30 – 15.00

Документарен филм „Шејла“

Велибор Човиќ, режисер

Приказна за Шејла, девојка која побара заштита и не ја доби. Наместо аплауз во театарот, на чии сцени играше таа, имаше тишина. Институциите не реагираа адекватно. Таа беше убиена на прагот од нејзиниот дом. Нејзиното убиство крена на нозе неколку илјади луѓе, кои испратија јасна порака од плоштадите на црногорските градови: Доста е. Овој филм е за Шејла, деветнаесетгодишна жртва на фемицид и една од примерите на дисфункционалност, бавност и ненавремено дејствување на системот со цел да се даде заштита од насилство. Филмот им е посветен на сите женски жртви на насилство.

15.20 – 15.20

Презентација на регионална студија за фемицид

Косана Бекер, програмска директорка, ФемПлац

15.20 – 15.40

Пауза за кафе

15.40 – 16.50

Панел дискусија 3: Казнена политика во поглед на фемицид и родово-базирано насилство

Модераторка: Косана Бекер, програмска директорка, ФемПлац

Селвете Герѓалиу Красниќи, судијка на Уставниот суд на Косово
Маја Раичевиќ, директорка на Центарот за женски права, Црна Гора

16.50 – 17.00

1. ден: Заклучни забелешки

Билјана Брејтвејт, програмска директорка на AIRE центарот за Западниот Балкан

Говорници

Билјана Брејтвејт, програмска директорка на AIRE центарот за Западниот Балкан

иофра О’Лири, претседателка на Европскиот суд за човекови права

Алиша Херберт, носителка на Редот на Британската Империја, директорка за образование, род и рамноправност и специјална пратеничка на Обединетото Кралство за родова рамноправност, Служба за странскиот Комонвелт и развој (FCDO) на Обединетото Кралство

Бранкица Јанковиќ, судијка на Европскиот суд за човекови права (Црна Гора)

Мирјана Лазарова Трајковска, судијка на Врховниот суд на Северна Македонија и поранешна судијка на ЕСЧП (Северна Македонија)

Ивана Јелиќ, судијка на Европскиот суд за човекови права (Црна Гора)

Јоанис Ктистакис удија на Европскиот суд за човекови права (Грција)

Роберт Спано, поранешен претседател на Европскиот суд за човекови права и партнер во Гибсон Дан [Gibson Dunn]

Леди Бианку, судија на Уставниот суд на Босна и Херцеговина и поранешен судија на Европскиот суд за човекови права (Албанија)

Ерик Венерстром, судија на Европскиот суд за човекови права (Шведска)

Садет Јуксел, судијка на Европскиот суд за човекови права (Турција)

Катерина Шимачкова, судијка на Европскиот суд за човекови права (Република Чешка)

Селвете Герѓалиу Красниќи, удијка на Уставниот суд на Косово/span>

Велибор Човиќ, режисер на документарниот филм „Шејла“

Косана Бекер, програмска директорка, ФемПлац

Маја Раичевиќ, директорка на Центарот за женски права

Сабина Ѓапо, проектна менаџерка во проектот за рамноправност и борба против РБН и фемициди во Западниот Балкан

Ивана Крстиќ, професорка на Правниот факултет, Универзитет во Белград

Share This